недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени

Поголемиот дел од ветените пари за катедралата Нотр Дам не се уплатени

Поголемиот дел од парите ветени за обновување на катедралата Нотр Дам допрва треба да се уплатат, изјави надбискупот на Париз Мишел Опети.

– Износот од милијарда евра, кој беше споменат во медиумите, не е ветен од некоја голема фондација или администрација, изјави надбискупот Опети.

Катедралата Нотр Дам беше тешко оштетена во пожарот, кој избувна на 15 април, по што од различни делови на светот стигнаа ветувања за поддршка за нејзина обнова.

Досега за обнова пристигнале околу 13,5 милиони евра, а надбискупот Опети нагласува дека продолжува собирањето пари.

Според него, од пристигнатите 13,5 милиони евра, 9,5 милиони евра дошле од 43.000 донатори од Франција и од странство, меѓу кои и 7.000 Американци.

Останатите четири милиони дошле од поголеми донатори.