сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Поголем пад на БДП на Италија од почетната проценка

Поголем пад на БДП на Италија од почетната проценка

Италијанската економија во вториот квартал забележа поголем пад од првичната проценека, покажа денеска објавениот извештај на Заводот за статистика, а тоа се должи на тешките економски последици од пандемијата на коронавирус.

Италијанската економија падна за 12,8 проценти од април до јуни во однос на претходните три месеци, објави Истат.

Во средината на март, заводот за статистика прелиминарно процени дека БДП ќе се намали за 12,4 проценти од април до јуни, и покрај првиот бран на пандемијата на коронавирус.

На годишна основа, италијанската економија се намали за 17,7 проценти во вториот квартал, 0,4 процентни поени повеќе отколку што беше проценето во прелиминарниот извештај, соопшти Истат.

Извозот и увозот паднаа најмногу на квартална основа, со 26,4, односно 20,5 проценти. Потрошувачката на компаниите исто така падна нагло, за 14,9 проценти, додека крајната потрошувачка на домаќинства се намали „само“ за 8,7 проценти. (МИА)

Коронавирус