петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Подигнати обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги

Подигнати обвиненија против 20 лица поради убиството на Кашоги

Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица осомничени  поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октомври 2018 година.

Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла“, а  двајца се обвинети за  „потикнување на убиство“.

Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство“ се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед  ал Асири . Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги.

На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.

Коронавирус