среда, 22. септември 2021. Вести денес: 152
home Вести

Почнува самитот на ЕУ: Ципрас ќе ја спасува Меркел?

Почнува самитот на ЕУ: Ципрас ќе ја спасува Меркел?

Лидерите на 28. земји членки на Европската унија се состануваат денеска во Брисел за да се договорат новите мерки со кои ќе се ограничи доаѓањето на мигранти преку Средоземното море.

Самитот доаѓа во момент кога расте незадоволството поради миграцијата и притисокот владее од Германија до Италија, оценува Ројтерс.

Германската канцеларка Ангела Меркел очекува дека дводневниот самит ќе ја спаси нејзината канцеларска позиција кој во моментот е „на стаклени нозе“ поради миграциската криза.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас е подготвен да потпише договор со Меркел со цел да и го олесни на Германија враќањето на азиланти во другите европски земји, пишува Фајненшал Тамјс.

Ципрас за ФТ изјавил дека е отворен за специјален договор со Берлин за да се намали „секундарното движење“ (кога азилант од земја на ЕУ во која прво стигнал за да побара азил, оди во некоја друга земја од Унијата).

Според Ципрас, постоечките правила на ЕУ за прераспределба на азилантите меѓу земјите членки на Унијата се надминати.

ЕУ, според нацрт соопштението за дводневниот самит, ќе ги засили своите надворешни граници и ќе потпише договори со кои ќе се зголеми паричната помош за земјите од Северна Африка за да го спречат доаѓањето луѓе во Европа, пишува Ројтерс.

Лидерите се поделени за тоа што да направат со легалните азиланти кои побегнаа од конфликтите на Блискиот исток и Африка. Тоа прашање, земјите членки на Унијата длабоко ги дели веќе три години и уште нема назнака како тоа да се реши.

Разликите многу повеќе се истакнаа во последните дена, што покажува оти ќе има жестоки расправи зад затворени врати, оцени британската агенција, додавајќи дека лидерите на ЕУ во јавноста настојуваат да покажат единство.

Според податоците на Обединетите нации, оваа година 44.000 луѓе дошле во Европа преку море, што е многу помалку од 2015. година кога повеќе од милион бегалци и мигранти стигнаа на европското крајбрежје.

Коронавирус