четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Почна вториот импичмент процесот против Трамп- прв во историјата на САД против поранешен претседател

Почна вториот импичмент процесот против Трамп- прв во историјата на САД против поранешен претседател

Почна вториот импичмент процес против поранешниот американски претседател Доналд Трамп и тоа е прв таков процес во историјата на САД против поранешен претседател.

Процесот на импичмент поради обвинувања за „поттикнување бунт“ непосредно пред „смртоносниот марш на приврзаниците на Трамп на Капитол Хил на 6 јануари“ беше отворен од сенаторот Патрик Лихи, а на почетокот беа објавени видеа кои го покажуваа насилното однесување на луѓето кои упаднаа во Конгресот .

Демократите тврдат дека имаат „непобитни“ докази за вината на Трамп, додека адвокатскиот тим на поранешниот американски претседател возвраќа дека демонстрантите дејствувале независно и оценува дека постапката во Сенатот е „апсурдна и неуставна“.

Трамп е единствениот американски претседател против кого е покрената постапка за отповикување.

Доколку Сенатот одлучи да го отповика, Трамп никогаш не би можел да се кандидира повторно, но за тоа е потребно двотретинско мнозинство од вкупно 100 сенатори.

Демократите имаат 50 места во Сенатот и веројатно нема да имаат поддршка од доволен број (17) републикански сенатори.

Двете страни, обвинителството и одбраната, ќе имаат по 16 часа да ги изнесат своите аргументи.

Коронавирус