среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 57
home Вести

Почна вакцинацијата во БиХ: Прв се вакцинираше директорот на Клиничкиот центар

Почна вакцинацијата во БиХ: Прв се вакцинираше директорот на Клиничкиот центар

Во Босна и Херцеговина денекса почна вакцинацијата против Ковид-19, а прв се вакцинираше директорот на Универзитетскиот клинички центар на Република Српска, Владо Џајиќ.

Тој и неговите колеги од здравствената установа ја примија руската вакцина „спутник V“. На првиот ден од вакцинацијата ќе бидат вакцинирани десетина здравствени работници.

Властите на РС обезбедија 2.000 дози вакцини, а вчера Владата на Србија обезбеди уште 5.000 дози за овој ентитет.

Како што најавија надлежните во оваа држава, први ќе бидат вакцинирани здравствените работници.

Сепак, во Федерацијата Босна и Херцеговина се уште нема ни една вакцина. Нејзините власти ветија дека првите вакцини набавени преку Ковакс системот ќе бидат достапни овој месец, но тоа уште не се случило.

ЕУРО 2020

Македонија