сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 98
home Вести

Почна судењето за убиството на Кашоги

Почна судењето за убиството на Кашоги

Осомничените за убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги денеска првпат се појавија пред судот во Ријад, објавија државните медиуми.

Обвинителите бараат смртна казна за пет од 11 осомничени лица, кои денеска беа присутни на судското рочиште. Засега не се наведуваат имињата на осомничените.

Кашоги е убиен на 2 октомври во саудискиот конзулат во Истанбул. Тој пишуваше колумни за весникот „Вашингтон пост“ во кои го критикуваше саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман. Телото на Кашоги се уште не е пронајдено.