Веќе втор ден трае судењето на професорката Елеонор Вилсон од англискиот град Бристол, која е обвинета дека присилила ученик на секс во авион додека се враќа од школска екскурзија во Африка, пишува Мирор.
Освен самиот ученик пред судијата се појави и негов соученик од класот, директорот на училиштето, а прочитани се мејловите до Вилсон, преку кои е уценувана. Кога сведочел наводно нападнатото момче, со посебно платно било оневозможено да дојде до директен контакт меѓу него и обвинетата.
Тој пред судот раскажал дека бројот на наставничката го имал меморирано во својот телефон под името „Штрумфета“ и дека тој телефон завршил во полиција. Уште еднаш опишал како изгледал нивниот однос, како се зближиле во текот на екскурзијата и на крајот имале полов однос во тоалет на авионот.
-Таа ми ги спушти панталоните и прво орално ме задоволи. Ми кажа да не се грижиме за тоа дали ќе остане трудна, затоа што користи контрацепција, кажало момчето.
Тој раскажа и дека Вилсон наводно кажала дека нејзиното момче е насилно кон неа и дека ја злоставува. Опишувајќи го нивниот однос подоцна, кажале дека често се гледале и оделе на излети, но не им кажал на своите другари каков е нивниот однос.
Исто така, кажал дека Вилсон во еден момент признала дека е трудна и дека детето негово, но дека ќе абортира. Кога подоцна му раскажувала како било, како што тврди детето, професорката му рекла дека тоа искуство било полошо отколку што очекувала.
Teacher Eleanor Wilson faces trial over ‘sexual activity with pupil’ https://t.co/QqEl7HMwEG pic.twitter.com/N0LCVmoDHc
— Dear sly, (@Sly023) October 1, 2018
Адвокатот на одбраната прашал дали се тоа го измислил затоа што се заљубил во професорката, но момчето кажало дека сите случки се вистинити. Адвокатот тогаш го замолил да опише како изгледал тој секс со оглед дека тоалетите во авионите се многу мали и тешко дека таму две лица би можеле да се посветат на секс.
Потоа на клупата за сведоци е доведен и негов школски другар кој раскажал како во текот на целиот лет му било лошо, па често одел во тоалет, а дека професорката и останатите професори му носеле вода и внимавале на него.
-Еднаш така омалаксан излегував од тоалетот и ги видов професорката и мојот другар. Се чинеше како тој да и седи во скут, кажал тој.
Директорот посведочил дека Вилсон, кога и го презентирале обвинението, била шокирана и се негирала. Инаку, тој за неа вели дека многу вредна учителка и дека многу се труди околу учениците.
Boyfriend of Eleanor Wilson tells court ‘sex life couldn’t have been worse at end of relationship’ https://t.co/CrgKx5F17q pic.twitter.com/mePegHG3Yk
— Daily Mirror (@DailyMirror) October 3, 2018
На судот исто така се прочитани и мејловите кои ги добивала, а во кои анонимно лице и се заканува дека на сите ќе им каже за нивниот однос со ученикот ако нема сексуални односи и со него.
-Знам што си направила и љубоморен сум. И јас би сакал тоа да го правам. Сакам да ја задржам оваа информација за себе под еден услов- спиј со мене.
Таа му одговорила дека е луд.
Потоа пред судијата искочила и самата Вилсон, која уште една негирала било каков непримерен однос со ученикот. Кажала дека неколку пати го возела момчето дома, како и дека има негов телефонски број од чисто педагошки причини. Кажала дека разговарала со неговиот татко, кој како и многу други ги слушнал гласините за неа и неговиот син.
Таа признала и дека била трудна, но не со ученикот туку со својот долгогодишен партнер, а бидејќи чувствувала дека не е вистинско време за дете одлучила да абортира, за што од училиштето добила неколку слободни денови.
Судењето продолжува.