петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 73
home Вести

Почна судењето во случајот на германскиот „пивски картел“

Почна судењето во случајот на германскиот „пивски картел“

Во Дизелдорф денеска почна судењето во случајот на пиварниците Карлсберг и Радебергер, кои беа казнети да исплатат над 330 милиони евра поради илегално договарање на цените на пивото. „Пивскиот картел“ бил договорен во 2007 година, и како резултат на овој договор потрошувачите плаќале повисоки, непазарни цени за пиво.

Вкупно 11 компании беа опфатени од скандалот, во кој пивницата АБ ИнБев призна дека биле вмешана, ддека Карлсберг и Радебергер ги негираа обвинувањата. Случајот сега е пред апелациски суд во Дизелдоф.

(Миа)