сабота, 23. февруари 2019. Вести денес: 1
home Вести

Почна гласањето за брегзит во Парламентот на Британија

Почна гласањето за брегзит во Парламентот на Британија

Почна гласањето во Долниот дом на британскиот Парламент за спогодбата за брегзит на премиерката Тереза Мај. Резултатите од гласањето треба да бидат објавени околу 22 часот по МКД време. По објавувањето, главниот европски преговарач Мишел Барние ќе се сретне со пратеници во Европскиот парламент.

Последниот ден од дебатата заврши со говор на премиерката и размена на остри реплики. Повеќе од 100 пратеници од Конзервативната партија на Меј се очекува да гласаат против нејзиниот договор, што навестува пораз на премиерката.

Меј ги повика пратениците да гласаат за договорот за брегзит што го постигна со ЕУ, нагласувајќи им дека ја имаат таа обврска поради исходот од референдумот во 2016 година.

Правниот советник на владата, сер Џефри Кок, рече дека ако договорот на Мај биде одбиен, земјата ја очекува многу неизвесност. Тој ги обвини пратениците „дека играат со животот на луѓето“.