понеделник, 2. август 2021. Вести денес: 126
Вонредна вест

Стивнува пожарот во Кочани: Човечки жртви нема, пет лица се во болница- огнот сè уште не е целосно изгаснат

home Вести

Почина таткото на најголемото семејство во светот – од причината се уште се во шок неговите 39 жени и 94 деца (ФОТО)

Почина таткото на најголемото семејство во светот – од причината се уште се во шок неговите 39 жени и 94 деца (ФОТО)

Во индиската сојузна држава Мизорам почина старец, за кого се верува дека беше „главата“ на најголемото семејство во светот.

Човекот по име Зиона, инаку водач на сектата Чана која проповеда полигамија, почина вчера. Зад себе остави 39 жени, 94 деца, 14 снаи и 34 внуци. Тој, за нешто повеќе од еден месец ќе наполнел 76 години. Веста ја потврди и управителот-министер на Мизорам, Зорамтанга, кој изрази сочувство на Твитер.

Наводно, Зиона страдал од дијабетес и висок крвен притисок.

Лекарите за тамошните новинари изјавија дека состојбата на Зиона се влошила додека тој бил во својот дом во селото Бактавнг Тлангуам. Тој бил пренесен в болница вчеравечер, но бил прогласен за мртов при пристигнувањето.

Коронавирус