недела, 21. јули 2019. Вести денес: 63
home Вести

Почина славната писателка на љубовни романи

Почина славната писателка на љубовни романи

Џудит Кранц, авторка на бројни книжевни љубовни хит-романи, меѓу кои се „Скрупули“ и „Принцезата Дејзи“, која продаде 80 милиони примероци романи во светот, починала во саботата на 92-годишна возраст во Лос Анџелес, објави The Los Angeles Times.

Книгите на „најработливата жена на треш-литературата“, како што понекогаш ја нарекуваа Џудит Кранц, преведени се на повеќе од 50 јазици во светот. Седум романи се преточени во телевизиски мини-серии чиј продуцент беше нејзиниот покоен сопруг Стив Кранц.

Родена во 1928 година во Њујорк, а по дипломирањето се преселила во Париз каде што работела како новинарка задолжена за следење на модата, прво за магазинот Good Housekeeping, а потоа и за пореномираниот Cosmopolitan.

Првиот роман „Скрупули“ ги напишала на 50-годишна возраст, на поттик од сопругот. По четири месеци книгата заврши на првото место на „бест-селерите“ во рангирањето на The New York Times.

Следеше „Принцезата Дејзи“ коај оствари ист успех. Потоа ги напиша „Мистрачовата ќерка“, „Да се освои Менхетен“, „До повторна средба“, „Љубовници“ и многу други. Нејзините романи го опишуваа животниот стил на богатите и увавите.

Кранц беше позната по работната дисциплина. Имено, во седмицата пишувала 10.000 зборови, и внимателно ги истражувала историските периоди во кои ги сместуваше дејствијата на своите романи. Критиката често ѝ забележуваше дека, имајќи ги предвид нејзините капацитети и образование, избрала пишување романи во жанр кого го нарекоа „треш фикција“.