сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 66
home Вести

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска

Премиерот на Брегот на Слоновата Коска Амаду Гон Кулибали почина, откако му се слошило на вчерашната седница на Владата.

Кулибаи (61) се вратил од Франција, каде два месеца се лекувал од срцеви проблеми, пренесува Би-Би-Си.

Тој беше избран за кандидат на владејачката партија на претседателските избори во октомври, откако сегашниот претседател Аласан Утара објави дека нема да се кандидира за трет мандат.

Кулибали имаше трансплантација на срце во 2012 година, а на почетокот на мај замина за Париз заради вградување стент.

Коронавирус