вторник, 22. јуни 2021. Вести денес: 125
home Вести

Почина познатиот писател, добитник на Пулицерова награда

Почина познатиот писател, добитник на Пулицерова награда

Американскиот книжевник Филип Рот почина во текот на ноќта во 85-тата година од конгестивна срцева слабост, соопшти неговиот агент Ендрју Вејли.

Филип Рот е автор на повеќе од 30 збирки приказни и романи. Прв негов роман беше„Збогум, Колумбо” во 1959 година, но слава доживеа во 1969 година, со „Портноевата болка”.

За романот „Американска пасторала“ во 1998 година ја доби Пулицеровата награда.

ЕУРО 2020

Македонија