петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 155
home Вести

Почина последниот член на повоената влада на Винстон Черчил

Почина последниот член на повоената влада на Винстон Черчил

Британскиот дипломат и претседавач на Мировната конференција за Југославија, лордот Питер Карингтон почина во 100. година, објави британски „Гардијан“.

Тој беше последниот жив член на повоената влада на Винстон Черчил и член на Владата на Маргарет Тачер до 1982. година.

Работеше како министер за одбрана од 1970. до 1974. година и како министер за надворени работи од 1979. до 1982, кога поднесе оставка по судирот меѓу Велика Британија и Аргентина околу Фокландските острови.

Претседаваше со преговорите во Дом Ланкастер во 1979. година кои доведоа до основање на државата Зимбабве, а ја извршуваше и функцијата генерален секретар на НАТО од 1984. до 1988. година.

Претседаваше и со Мировната конференција за Југославија која во 1991. година беше создадена од Европската заедница.

Коронавирус