вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Почина полицаецот-херој кој се размени за заложници и спаси десетина луѓе

Почина полицаецот-херој кој се размени за заложници и спаси десетина луѓе

Францускиот полицаец кој во текот на заложничката ситуација се разменил за заложниците и со тоа го спасил животот на десетина луѓе, починал од здобиените повреди, јавува „Би-би-си“.

Станува збор за потполковникот Арнo Белтрам кој помогнал да се заврши заложничката ситуација на југот на Франција во која беа убиени три лица, а ранети 16.

Францускиот претседател Емануел Макрон го прогласи Белтрам за херој.

Напаѓачот е идентификуван како 25 годишниот Радуан Лакдим, а според зборовите на француските официјални претставници, нападот го извршил во три фази. Прво, украл едно возило во Каркасон, го убил патникот и тешко го ранил возачот. Потоа пукал врз еден полицаец и го ранил. Неколку минути подоцна, тој упаднал во супермаркет во местото Треб, околу 10 километри од Каркасон каде убил уште двајца луѓе, еден вработен и еден купувач.

Другите заложници успеале да побегнат, а тој задржал една жена. Арно Белтрам, кој е испратен на местото на нападот, предложил да ги заменат местата со таа жена.

Напаѓачот тогаш тешко го ранил Белтрам, за потоа елитните сили на жандармеријата да упаднат во супермаркетот и да го убијат напаѓачот.

Исламска држава ја презема одговорноста за нападот.

Коронавирус