четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 180
home Вести

Почина писателката Мери Хигинс Кларк

Почина писателката Мери Хигинс Кларк

Писателката и авторка на бројни криминалистички бестселери Мери Хигинс Кларк почина во САД на 92-годишна возраст, потврди денеска нејзиниот издавач.

Хигинс Кларк, која обожавателите ја нарекуваа „кралица на неизвесноста“, во текот на својата кариера продаде повеќе од 100 милиони книги.

Позната е по бестселерите „Странецот набљудува“ (A Stranger Is Watching) и „Лулката ќе падне“ (The Cradle Will Fall), кои се и екранизирани.

Беше мажена за Ворен Кларк, со кого имаат пет деца.

Почнала да се занимава со пишување кратки приказни и сценарија по смртта на нејзиниот сопруг во 1962 година, но по совет на агентот почнала да пишува и книги.

Нејзините книги се преведени на 35 јазици, а првата книга „Каде се децата“ (Where Are The Children?) е реиздадена дури 75 пати.

Инспирација за своите дела наоѓала во новинските написи и судењата за убиства.

Пред 20 години нејзината издавачка куќа ја наградила со 64 милиони долари за договор за пет книги, со што била најплатениот женски автор во тоа време.

Коронавирус