петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Почина најстариот жител на светот, Јапонката Наби родена во 19 век

Почина најстариот жител на светот, Јапонката Наби родена во 19 век

Најстариот жител на светот, 117- годишната Јапонка Наби Таџима почина синоќа во болницата во градот Кикаи на југот на Јапонија, соопштија официјалните градски власти, пренесе агенцијата АП.

Наби Таџима која од јануари годинава била во болница беше родена на 4 август во 1900 година и беше последната личност родена во 19 век.

Во својот долг живот таа родила 9 деца, 7 сина и две ќерки и имала повеќе од 160 потомци, вклучувајќи и пра-пра-пра внуци.

Инаку градот Кикаи е мало острово со околу 7000 жители. Баба Таџима стана најстариот жител на светот пред седум месеци, по смртта на Вајолет Браун од Јамајка, која исто така почна на 117- годишна возраст.

Сега титулата највозрасен жител на планетата ја понесе Јапонката Чијо Мијако, која живее во Токио и за десет дена треба да наполни 117 години.

Коронавирус