сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Почина Јапонецот, кој намерно го ширеше новиот коронавирус

Почина Јапонецот, кој намерно го ширеше новиот коронавирус

Јапонецот од градот Гамагори, кој намерно го ширеше Ковид-19 почина во болница, каде што беше хоспитализиран.

Него на почетокот од месецов му беше дијагниостицарно дека е инфициран со новиот коронавирус, а лекарите му препорачаа самоизолација. Но, 57-годишниот маж намерно посетил два бара, за како што кажал, „да го шири вирусот“.

Во еден од баровите стапил во контакт најмалку со две лица, а најмалку едно е позитивно.

Во Јапонија со Ковид-19 заразени се повеќе од 1.500 луѓе, а 37 починале.

Коронавирус