понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 49
home Вести

Почина градоначалникот на Каракас од последици со Ковид-19

Почина градоначалникот на Каракас од последици со Ковид-19

Градоначалникот на Каракас, Дарио Вивас почина од последици од новиот коронавирус, објави на Твитер венецуелскиот обвинител Тарек Вилијам Саб.

– Многу ни е жал што замина нашиот добар пријател и посветен револуционер Дарио Вивас, со кој се боревме на улиците на Каракас од 80-тите години да го одбраниме нашиот народ и нашата земја, напиша Саб на Твитер.

Блискиот пријател на венецуелскиот претседател Николас Мадуро, 70-годишниот Вивас уште на 19 јули објави дека е позитивен на Ковид-19. Тој е првиот висок венецуелски претставник кој почина од последици со новиот коронавирус.

Во Венецуела со Ковид-19 се инфицирани 29.088 лица од кои починале 247. (МИА)

Коронавирус