недела, 9. август 2020. Вести денес: 88
home Вести

Почина една од трите избодени жени во Норвешка

Почина една од трите избодени жени во Норвешка

Една жена почина откако синоќа беше прободена со нож во јужниот норвешки град Сарпсборг, соопшти норвешката полиција, јави ДПА.

На неколку локации во градот, напаѓач избоде три жени, од кои едната е тешко повредена, другата има повреда на раката, а третата им подлегна на повредите.

Полицијата информираше дека една од нападнатите жени го препознала осомничениот напаѓач, кој беше пронајден во стан во Сарпсборг и веднаш приведен. Засега нема индиции дека имало други напаѓачи..

Норвешките медиуми известија дека првиот напад се случил на автобуска станица, во центарот на градот.

Засега мотивот за нападите не е познат, но локалните медиуми посочуваат дека осомничениот има полициско досие и насилно минато. (МИА)

Коронавирус