петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Почина Берни Медоф, човекот кој изврши измама вредна 65 милијарди долари

Почина Берни Медоф, човекот кој изврши измама вредна 65 милијарди долари

Берни Медоф, кого шемата Понтиус од 65 милијарди долари го направи еден од најомразените криминалци и го уништи дури и неговото семејство, почина на 82-годишна возраст во Северна Каролина, каде издржуваше 150-годишна затворска казна.

Медоф ја создаде најголемата инвестициска измама во историјата на САД, шемата Понтиус, која украде дури 65 милијарди долари од десетици илјади луѓе.

Тој отслужуваше 150-годишна казна во сојузниот затворски центар во Батнер, Северна Каролина и престојуваше во затворската болница каде се лекуваше, како што го нарече неговиот адвокат, терминално заболување на бубрезите.

Медоф беше претседател на њујоршката електронска берза „Насдак“, а своите клиенти на берзата ги оштети за милијарди долари.

Коронавирус