петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 61
home Вести

Победа на конзервативците на парламентарните избори во Литванија

Победа на конзервативците на парламентарните избори во Литванија

Литванската опозициска конзервативна Татковинска партија победи во првиот круг од парламентарните избори, освојувајќи 23 од вкупно 141 пратенички места.

Партиите Фармери и Унија на зелените, кои се дел од актуелната владејачка колаиција, според освоените 16 мандати се на второ место со освоени 16 места, а голем број на партии не успеаја да го поминат изборниот цензус.

Двете либерални партии, Партија на слободата и Либерално движење освоија 14 места, работничката партија – девет, а Социјал-демократката партија –осум пратенички места.

Тројца кандидати во едночлените изборни единици прогласија победа во првиот круг од парламентарните избори, меѓу кои и поранешната министерка за финансии и една од лидерите на Татковинска партија, Ингрид Симоните. Таа е поранешна кандидатка на претседателските избори, а се очекува да биде и следната премиерка на Литванија.

Вториот круг од парламентарните избори е закажан на 25 октомври, а ќе сеодржи во изборните единици каде ниту еден кандидат не добил мнозинство.

Коронавирус