сабота, 28. март 2020. Вести денес: 106
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

По убиството: Евакуирана станицата Оксфорд циркус во Лондон

По убиството: Евакуирана станицата Оксфорд циркус во Лондон

Лондонската полиција вечерва ја евакуираше метро станицата Оксфорд циркус, неколку часа по нападот на Лондонскиот мост во кој беа убиени две лица.

Како што јавија британските медиуми, во станицата влегле повеќе припадници на службата за безбедност, а забележани се и патници како во паника бегаат од подземната станица.

Полицијата соопшти дека станицата е затворена „поради инцидент со еден корисник“ на подземната железница и дека возовите моментално не стојат на Оксфорд циркус.