Групацијата ППФ го назначи Ладислав Бартоничек, еден од нејзините акционери, да управува со сите активности на Групацијата во име на нејзиниот основач Петар Келнер, кој загина во пад на хеликоптер на Алјаска.
– Екипи на професионални менаџери водат индивидуални компании од групата ППФ и тие ќе продолжат да работат под раководство на Ладислав Бартоничек. Како целина, групацијата ППФ воспостави детален систем за управување со своите инвестициски проекти,
Се додава дека смртта на основачот на групата ППФ нема никакво влијание врз нејзиното секојдневно функционирање.
– ППФ Групацијата ќе продолжи со реализација на инвестициски планови и визии формулирани од Петр Келнер со неговиот тим колеги – соопшти компанијата.
Најбогатиот човек во Чешка, милијардерот Петр Келнер (56) загина во хеликоптерска несреќа на Алјаска во саботата.