петок, 14. мај 2021. Вести денес: 143
home Вести

По соработничката, уапсена и портпаролката на Навални

По соработничката, уапсена и портпаролката на Навални

Кира Јармиш, портпаролката на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, е уапсена во близина на нејзиниот дом, изјави денеска нејзиниот адвокат.

Претходно утринава беше уапсена и Љубов Собол, блиската соработничка на Навални, само неколку часа пред очекуваното обраќање на рускиот претседател Владимир Путин во парламентот.

Апсењата на двете најблиски соработнички на опозицонерот Навални доаѓаат непосредбно пред најавените протести низ Русија, заради лошиот третман кон затворениот Навални.

Приврзаниците на Навални планираат да протестираат заради неодговорноста на затворските власти за влошувањето на неговото здравје во затворот, пренесуваат британските медиуми.

Навални во февруари беше осуден на две и пол години затвор за прекршување на условната слобода и беше уапсен на аеродромот веднаш по враќање од Германија, каде се лекуваше од труењето со нервниот агенс Новичок, лани во август.

Коронавирус