четврток, 21. октомври 2021. Вести денес: 181
home Вести

По повеќечасовна драма, спасен киднапиран кинески милијардер

По повеќечасовна драма, спасен киднапиран кинески милијардер

Кинеската полиција го спаси милјардерот Хе Сијангжан, кого од вчера киднапери го држеа во заложништво, под закана дека ќе активираат експлозив. Кинескиот милијардер е спасен откако неговиот 55-годишен син успеал незабележано да се извлече од куќата и да ја преплива блиската река за да ја извести полицијата.

Основачот на најголемиот светски произведувач на домашни апарати Мидеа груп, кој е шести најбогат човек во Кина и 41. во светот со богатство од 25 милијарди долари, беше држен како заложник во луксузна вила во Фошан, во близина на Хонг Конг. Полицијата, која вчера попладне била информирана за настанот, успеала рано изутрина да го ослободи бизнисменот, при што се уапсени шест осомничени лица.

Во полициското соопштение се наведува само презимето на жртвата – Хе, но неколку кинески весници и портали потврдија дека станува збор за 78-годишниот милијардер. Мидеа, преку социјалните медиуми се заблагодари на полицијата, но не потврди дека Хе е жртва на злосторството.

Локални избори 2021