сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

По повеќе од 70 години САД се повлекуваат до Сеул

По повеќе од 70 години САД се повлекуваат до Сеул

САД официјално ги повлекуваат своите војници од јужнокорејскиот град Сеул по 70 години присуство во тој град.

Командниот центар на САД ќе се повлече подалеку од границата со Северна Кореја,  и денеска ќе биде одржана церемонија за отворање нов команден центар,јужно од Сеул.

Американските војници беа стационирани во Сеул од 1945 година, по завршувањето на Втората светска војна.

Военото присуство на САД во Сеул претставува симбол на сојузништвото на САД и Јужна  Кореја, чија цел е да се одврати агресија на Северна Кореја.

Преместувањето првично требаше да биде спроведено во 2008 година, меѓутоа, беше одложено неколку пати.

МИА

Коронавирус