сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 56
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

По ова момче се трагаше цел месец: Потрагата имаше трагичен крај, а никој не знае како дошло до тоа (ВИДЕО)

По ова момче се трагаше цел месец: Потрагата имаше трагичен крај, а никој не знае како дошло до тоа (ВИДЕО)

„Никој не посакуваше ваков резултат од истрагата, но … Барем сега семејството знае што се случило“, изјави вчера Роберт Хикман, началник на полицијата на Порт Клинтон.

-14-годишниот Харли последен пат бил виден на 20 декември во Порт Клинтон додека утрото одел на училиште. Полицијата претресе повеќе од 150 хектари во областа, а во потрага биле вклучени хеликоптери, полициски кучиња и полицајци, јавува Си-Ен-Ен.

Во понеделникот, полицајците извршиле претрес во ненаселена викендичка што била во фаза на реновирање и го пронашле телото на момчето. Немало знаци на насилно влегување во куќата.

-Ги најдовме палтото и очилата на Харли на покривот, до оџакот. Потоа, го забележавме неговото тело заглавено во оџакот, изјави Хикман.

Обдукција беше извршено во вторникот и резултатите покажаа дека најверојатно станува збор за несреќен случај.

-Изгледа Харли се искачил на покривот и влегол во оџакот. Кога се нашол во него, јакната и очилата му паднале, а тој заглавил, објасни Хикман.

Засега е непознато зошто момчето се обидело да влезе во оџакот.

Коронавирус