недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

По „Модерна“, и „Фајзер“ поднесе барање до ЕУ за одобрение на вакцината против ковид

По „Модерна“, и „Фајзер“ поднесе барање до ЕУ за одобрение на вакцината против ковид

Само со „зелено светло“ од Европската агенција за лекови вакцините може да се комерцијализираат на европскиот пазар
Фармацевтската компанија „Фајзер/Бионтех“ соопшти дека денеска поднела барање до Европската агенција за лекови (ЕМА) за одобрение на нејзината вакцина до крајот на оваа година, јави МИА од Брисел.

Европската агенција за лекови порача дека во наредниот период ќе го разгледува ова барање и дека ако заклучи дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците, таа ќе даде одобрување за условна комерцијализација, со што би можело до крајот на оваа година вакцината на „Фајзер“ да биде пуштена во промет.

„Фајзер/Бионтех“ и „Модерна“ се првите компании кои најавија дека развиле вакцина против ковид-19, со ефикасност, како што тврдат нивните експерти, од 94 и 95 отсто.

„Модерна“ вчера соопшти дека поднела барање во ЕУ, а истовремено и во САД.

„Астра Зенека“ е третата фирма која разви вакцина со висок степен на ефикасност. Агенцијата за лекови на ЕУ порача дека е во процес на постојана анализа на вакцините. Само со „зелено светло“ од ЕМА вакцините може да се комерцијализираат на европскиот пазар.

Коронавирус