понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

По масовната вакцинација, оваа земја укинува дел од рестриктивните мерки

По масовната вакцинација, оваа земја укинува дел од рестриктивните мерки

Фризерските салони повторно се отворени, клиентите се враќаат во продавниците кои досега беа затворени, а граѓаните може да се движат повеќе од еден километар од своите домови. Израел денеска почна постепено да излегува од третото „затворање“ од почетокот на пандемијата на Ковид-19, благодарение на масовната кампања за вакцинација на населението.

Во петокот навечер, израелската Влада објави олеснување на ограничувачките мерки што се применуваат од крајот на декември, кога започна нов бран на коронавирусни инфекции.

Утрово, повторно беа отворени продавниците во Ерусалим, кои се сметаат за несуштински.

Од средината на декември, благодарение на договорот со фармацевтскиот гигант „Фајзер“ за споделување на медицински податоци за резултатите од вакцинацијата, Израелците вакцинираа повеќе од 3,4 милиони жители, или скоро 40 проценти од населението. Меѓу нив има повеќе од два милиони Израелци кои примиле втора доза.

Но, и покрај ограничувачките мерки и кампањата за вакцинација, јануари беше најсмртоносниот месец во Израел од почетокот на пандемијата – пријавени се повеќе од 1.000 смртни случаи од Ковид-19.

Според последниот извештај на Министерство за здравство на земјата, од почетокот на епидемијата официјално се регистрирани над 686.000 случаи на коронавирус и 5.074 смртни случаи.

ЕУРО 2020

Македонија