петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

По изборите во Полска до Врховниот суд пристигнаа речиси 1.000 приговори

По изборите во Полска до Врховниот суд пристигнаа речиси 1.000 приговори

По изборите во Полска, што се одржаа на 12 јули, кога кандидатот на владеачката партија Право и Правда, актуелниот претседател Анджеј Дуда беше реизбран со мала разлика од два проценти, до Врховниот суд пристигнаа речиси 1.000 приговори , што е 15 пати повеќе отколку во 2015 година, на претходните избори.

Рокот за поднесување приговор на изборите беше до вчера на полноќ, а пријава поднеле најмалку 930 политички субјекти и граѓани на Полска.

– Лично имам интуиција дека приговорите ќе бидат помеѓу 1.000 и 2.000, истакна портпаролот на Врховниот суд, судијата Александер Стемпковски, кој, сепак, не гледа проблем судот да ги реши сите протести до 3 август, што е законски рок.

Кога Дуда беше првпат избран за претседател на Полска, пред пет години, и неочекувано го порази тогашниот претседател од Граѓанската платформа, Бронислав Коморовски , имаше само 58 регистрирани протести.

Овој пат опозицијата, но и голем број граѓани протестираат затоа што целата државна машинерија, предводена од премиерот, се приклучи на кампањата за избор на кандидат на владејачката партија, а државната полска телевизија ТВП и нејзиниот информативен канал водеа црна кампања против опозицискиот кандидат, Рафал Трасковски.

Ова се две големи забелешки на полските претседателски избори во првиот круг на 28 јуни и сега на 12 јули од страна на набљудувачката мисија на ОБСЕ.

– Политичката поларизација и пристап на ТВП ја расипува сликата за добро организирани избори. Ние сме вознемирени со примери на нетолеранција полна со ксенофобична, хомофобична и антисемитска содржина, особено од страна на претседателот и јавниот ТВ сервис, изјави набудувачот на ОБСЕ Томас Босеруп.

ОБСЕ го критикуваше и фактот што членовите на полската Влада, предводена од премиерот Матеуш Моравиецки отворено учествуваа во кампања што му даде голема предност на претседателот Дуда, како и тоа што во Полска не постојат соодветни регулативи што би го регулирале финансирањето на кампањите, со што се бришат границите помеѓу партија и држава.

– Не беа фер избори затоа што на фер избори и двајцата кандидати се третираат подеднакво. На фер избори, државата им помага на граѓаните да гласаат, но не стои недвосмислено од една страна. Секој може да учествува на фер избори, без оглед каде живее. На кандидатот на владејачката партија му помогна моќната државна машинерија и прашањето е дали Анджеј Дуда може да победи на фер избори, изјави Барбара Новачка, пратеничка од опозицијата.

Аргумент за протестите се и проблемите што ги имаа Полјаците кои се во странство, иако главно затоа што многумина гласаа преку пошта, а нивните изборни пакети не стигнаа на време или нивните гласови не пристигнаа во Полска, особено во земјите каде, како и во Европа, дијаспората гласаше за Тшасковски.

И двајцата кандидати, со голем одѕив на гласачи освоија околу десет милиони гласови, од околу 30 милиони регистрирани гласачи, а предноста на Дуда е 422.385 гласови, а 178.000 гласови се неважечким според соопштението на Државната изборна комисија. (МИА)

Коронавирус