петок, 23. јули 2021. Вести денес: 0
home Вести

По Хонг Конг и Макао ги прекина врските со Тајван

По Хонг Конг и Макао ги прекина врските со Тајван

Макао денеска соопшти дека ја затвора својата мисија во Тајван, откако Хонг Конг истото го стори минатиот месец, во знак на протест против поддршката на Тајпеј за продемократски активисти, јавија француските медиуми.

Хонг Конг и Макао се полуавтономни кинески градови, иако надворешната политика е целосно во рацете на Пекинг, а централната влада во последните неколку години се понагласено и директно се вклучува во управувањето со двете поранешни колонии.

Во краткото соопштение, Макао информира дека од 19 јуни прекинува работата на неговата економска и културна делегација во Тајван.

Како одговор на оваа одлука, тајванскиот Совет за континентални врски изрази „длабоко жалење за едностраната одлука на владата на Макао“, соопштувајќи дека ќе ја остави отворена својата канцеларија во кинеската енклава позната по хазардот.

Макао не објасни зошто ги презеде овие активноти, но формулацијата е речиси идентична со соопштението на Хонг Конг од минатиот месец, кое потоа доби потврда од владата на Хонг Конг дека затворањето е навистина политичко.

Тајван, соопшти тогаш Хонг Конг, постојано се „мешал“ во работите на градот и „им нанел непоправлива штета на односите“.

Хонг Конг и Макао го почитуваат авторитарниот став на Кина дека демократски Тајван е дел од нејзината територија и мора да се освои еден ден, доколку е потребно и со сила.

Коронавирус