вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 107
home Вести

По грешка убиле невин човек: Војската го изрешетала автомобилот со 80 куршуми, а во него биле и неговата сопруга и ќерка

По грешка убиле невин човек: Војската го изрешетала автомобилот со 80 куршуми, а во него биле и неговата сопруга и ќерка

Бразилската војска ја истражува смртта на маж од Рио де Жанеиро кон чиј автомобил, поради погрешни информации, војската испукала околу 80 куршуми од огнено оружје.

Властите објасниле дека војниците мислеле оти возилото, со кое управувал 45-годишниот Евалдо Сантос Роза, припаѓа на осомничениот за криминал, пренесува „АП“.

Роза после вчерашното трагично пукање им подлегнал на раните, а ранета е и неговата роднина која била во возилото. Сопругата и 7-годишното дете, за среќа, останале неповредени.

Инаку, од војската првично изјавиле дека само возвратиле на оганот од автомобилот на непознатиот напаѓач, но подоцна го промениле исказот и ја признале трагичната грешка.

Коронавирус