петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

По грешка убиен млад Афроамериканец- полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински (ВИДЕО)

По грешка убиен млад Афроамериканец- полицајката мислела дека користи пиштол за електрошокови, а не вистински (ВИДЕО)

Фатално пукање во Минеаполис во кое 20-годишен афроамериканец го загуби животот, се чини дека се случило откако пиштолот случајно пукнал кога полицајка, середе мешаницата, го извлекла огненото оружје наместо направата за електрошокови.

Младиот Даунте Рајт беше убиен во пукање додека бил запрен со неговото возило во местото Бруклин Центар, недалеку од локацијата на која минатиот мај во Минеаполис беше убиен Џорџ Флојд.

Полицијата објави снимка на која се гледа турканицата меѓу Рајт и полицијата. Рајт се обидува со туркање да се врати во автомобилот, а на снимката се гледа како полицајката вика „електрошок“.

„Ми се чини, од она што го видов, од реакцијата на полицајката и нејзиниот стрес што следеше веднаш потоа, дека пиштолот случајно испукал, што резултирало со трагичната смрт на господинот Рајт“, рече шефот на полицијата Тим Ганон.

Градоначалникот на гратчето Мајк Елиот рече дека сите жалат за трагичниот настан што не можел да се случи во полошо време.

„Ќе го го расветлиме овој случај. Ќе сториме сè за да се осигураме дека правдата за Даунте Рајт е задоволена“, рече Елиот.

Полицијата соопшти дека го запрела Рајт за сообраќаен прекршок и откриле дека по него е распишана потерница. Полицијата се обидела да го уапси, но тој успеал со туркање да се врати во автомобилот. Полицајката, чиј идентитет првично не беше откриен, пукала во мешаницата. Рајт продолжил да вози и се оддалечил неколку блока, кога удрил во друго возило. Тој починал на самото место.

Подоцна беше објавено дека станува збор за службеничката Кимберли Потер, со 26-годишно полициско искуство, ветеранка во службата.

Многумина критичари и скептици на социјалните мрежи се прашуваат како е воопшто можно полицајка со многугодишно искуство да не направи разлика меѓу нејзиниот пиштол и направата за електрошокови.

Претседателот Џо Бајден изрази жалење за трагичната смрт на младиот црнец, но исто така го осуди насилството што избувна на протестите што следуваа.

„Она што се случи во предградијата на Минеаполис е навистина трагично, но мислам дека треба да почекаме да видиме што ќе каже истрагата“, рече Бајден.

„Додека ги чекаме резултатите од истрагата, сакам да кажам јасно – апсолутно нема оправдување за насилството. Мирните протести се разбирливи“, додаде тој.

Коронавирус