петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

По Европа на мета е САД: Голема група мигранти се движи кон американската граница

Во карванот се наоѓаат околу илјада мигранти, во најголемиот број од Хондурас, кои се упатија пеш кон мексиканско-американската граница
По Европа на мета е САД: Голема група мигранти се движи кон американската граница

Карванот со мигранти од земјите од Централна Америка, што пред 10 дена се упати кон САД, продолжи да се движи низ мексиканската територија и покрај предупредувањата на американскиот претседател Доналд Трамп за санкции кон Мексико доколку не преземе мерки за запирање на мигрантскиот прилив кон север.

Во карванот се наоѓаат околу илјада мигранти, во најголемиот број од Хондурас, кои се упатија пеш кон мексиканско-американската граница.

Група од стотина мигранти се одвои од карванот и се качи на еден товарен воз во надеж дека така полесно ќе ја минат границата и ќе влазат во САД.

Друга група мигранти пак застанаа во еден спортски комплекс во мексиканската сојузна држава Оахака, најавуввајќи дека планираат да побараат транзитна или хуманитарна виза. Дел од нив изјавија дека утре или в четврток ќе се упатат кон мексиканската држава Пуебла и тоа најверојатно со автобуси.

Локалните власти им понудија сместување на мигрантите на плоштадите и во празни магацини, а некои дури најавија дека ќе им обезбедат превоз со автобуси и други возила.

Претставникот на групата за заштита на правата на мигрантите „Пуебло Син Фронтерес“, Родриго Абеха изјави дека ваквата понуда на локалните власти не е од алтруистички мотиви, туку дека тие сакаат мигрантите што побрзо да ги напуштат нивните градови.

Мигрантите на 25 март тргнаа од местото Тапукали на мексиканско-гватемалската граница кон САД, на пат долг 3.200 километри. Дел од нив тврдат дека имаат намера да аплицираат за виза за влез во САД, додека други најавуваат дека ќе се обидат илегално да влезат во земјата.

Трамп во неделата предупреди дека „кон САД доаѓа карван со мигранти“ и дека состојбата станува „се поопасна“. Тој воедно му се закани на Мексико дека ќе ја запре американската помош за земјата, доколку мексиканските власти не преземат мерки за спречување на мигрантите во нивниот обид да стигнат до САД.

МИА

Коронавирус