петок, 6. декември 2019. Вести денес: 84
home Вести

По ерупцијата на вулканот Килауеа, серија силни потреси на Хаваи

По ерупцијата на вулканот Килауеа, серија силни потреси на Хаваи

На Големиот Остров на американската сојузна држава Хаваи, денеска дојде до серија силни потреси, од кои еден беше со 6,9 степени според Рихтеровата скала, што принуди стотици жители на евакуација.

Во претходните денови на островот дојде и до ерпуција на вулканот Килауеа, кој исфрли лава во блиската станбена населба, но исфрлаше и розов пепел и отровни гасови.

Засега нема податоци за повредени во последната серија земјотреси.

Американскиот геофизички институт соопшти дека земјотрес со толкава јачина може да нанесе сериозни материјални штети. Тихоокеанскиот центар за предупредување од цунами истакна дека и покрај зголемувањето на нивото на водата крај островот за 40 сантиметри, нема опасност од цунами.

Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот и еден од петте на островот, е постојано активен во последните 35 години. Последната ерупција почна во четвртокот и продолжи влера, принудувајќи две области, со околу 1.700 жители да се евакуираат.

Гувернерот на Хаваи Дејвид Иге прогласи вонредна состојба со цел да се деблокираат дополнителни средства.

МИА