Иако сопствениците на продавниците ваквата одлука првично ја прифатиле со радост, сепак, радоста им се „удрила“ од глава откако влегле во своите дуќани.
По два месеца изолација поради коронавирусот, Малезија конечно ги отвори трговските центри.
Поради фактот што цели два месеци не работеле вентилациите и клима уредите, кожните чевли, чанти и други бројни артикли, како и делови од мебелот се целосно уништени.
Мувла ги прекри стотиците нови артикли низ продавниците, а штетата која е настаната тешко дека некој и некако ќе може да им ја надомести.