четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 204
home Вести

По девет седмици, олабавување на мерките и во Москва

По девет седмици, олабавување на мерките и во Москва

Властите во Москва од денеска почнаа да ублажуваат одредени мерки воведени со цел да се спречи ширењето на коронавирусот, девет недели по нивното воведување, иако бројот на случаи продолжи да расте.

Од денеска, парковите и трговските центри се отворени, а на граѓаните им е дозволено да шетаат и вежбаат по првпат од воведувањето на мерките, пренесува Би Би Си.

Како што се наведува, иако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека епидемијата го достигнала својот врв, бројот на пациенти продолжува да расте.

Најголем број пациенти во цела Русија се забележани во Москва, но и најголем број смртни случаи, но сепак, градоначалникот дозволи отворање на продавници, книжарници, трговски центри, паркови …На граѓаните им е дозволено да одат на прошетка три пати неделно во периодот од 9.00 до 21.00 часот и со употреба на рота-систем се мери колку долго биле надвор.

Јавните собири се уште се забранети до 14 јуни.

Парламентарни избори 2020