вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

По 7 години крвопролевање, конечно се слави Божиќ во Сирија: Празнична магија и кај оние кои многу страдаа

По 7 години крвопролевање, конечно се слави Божиќ во Сирија: Празнична магија и кај оние кои многу страдаа

Ширум светот Христијаните го слават католички Божиќ, а оваа година, исклучок не е ниту Сирија каде што за прв пат после седум години се славеше големиот христијански празник во мир.

После седум години жестоки борби помеѓу неколку завојувани страни, крвопролевања и злосторства кои што го шокираа целиот свет, оваа година речиси целата територија е ослободена од исламистичките екстремисти и луѓето можат веќе слободно на улиците да го прославуваат Божиќ.

Војната во Сирија ги погоди сите граѓани, но најмногу беа погодени малцинствата. Христијаните се најдоа на мета на геноцидниот прогон на Исламската државата, а тие страдаа дури и претходно од страна на радикалните исламисти.

Сепак, може да се каже дека мирот полека, но сигурно се враќа во Сирија, а во главниот град Дамаск минатата седмица беше поставено и големо Божиќно дрво. Луѓето се собираат на плоштадите и пеат на улиците за прв пат без да стравуваат за својот живот после низа на години.

Еден од случајните минувачи во центарот на Дамаск порача: „Ова е вистинско доживување. Осветлено Божиќно дрво од 30 метри, се е полно со љубов и среќа. Ова е пораката која што од срцето на Дамаск ја испраќаме до целиот свет“.

Коронавирус