недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

„Плоштад на принцезата Дијана” на местото каде што загина

„Плоштад на принцезата Дијана” на местото каде што загина

Париските градски власти планираа местото на кобната сообраќајна несреќа на британската принцеза Дијана од 1997 година да го именуваат по неа.

Близу тунелот каде што загина принцезата, се наоѓа споменик во облик на златен пламен. Малиот плоштад сега го носи името на оперската дива Марија Калас. Предлогот за преименување на плоштадот во „Плоштад на принцезата Дијана”, ќе биде ставен на гласање наредниот месец.

Градот на овој начин сака да ѝ оддаде почит на принцезата Дијана за нејзината добротворна работа.

Лејди Ди, нејзиното момче и возачот пред 22 години загинаа откако нивниот Мерцедес удри во бетонски столб во тунелот. (МИА)