сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Племето се закани, пожарот им уништи премногу: „Белиот човек ќе зажали, Амазонија ќе се одмазди“

Племето се закани, пожарот им уништи премногу: „Белиот човек ќе зажали, Амазонија ќе се одмазди“

Амазонија, и покрај напорите на бразилските пожарникари и на војската која е на терен, и понатаму гори. Индијанците од амазонското племе Маноки, на кои пожарот им уништи се’, немаат дилема – „виновен е белиот човек“.

Денес огнот се гледа. Но, амазонските шуми се уништуваат со години – заради земјоделството, производството на струја или потрагата по злато, предупредуваат од племето Маноки. Тврдат дека ќе се борат за Амазонија и во иднина, бидејќи напуштањето на родните огништа не им било опција.

-Денес сум многу тажен. Поради пожарите што беснеат 40 години ние повеќе нема каде да живееме. Но, белиот човек ќе зажали поради тоа што го прави. Амазонската прашума ќе се одмазди, вели Пауло Тупхи, припадник на племето Маноки.

Племето Маноки го сочинуваат околу 500 Индијанци во осум села во срцето на Амазонија, недалеку од познатиот Мато Гросо.

-Многу сум загрижен за судбината на нашето племе. Ова е наша земја, мој живот, живот на моите родители, баби и дедовци. Се’ ни уништија, а никој за тоа не е одговорен. Сите знеме кој ги подметнува пожарите, истакнува Ѓовани Тапура од индијанското племе Маноки.