сабота, 10. април 2021. Вести денес: 89
home Вести

Платите на жените во ЕУ се за 14 отсто пониски од платите на мажите

Платите на жените во ЕУ се за 14 отсто пониски од платите на мажите

Европската агенција за статистика објави дека бруто заработката на жените во ЕУ за еден час е во просек 14,1 процент пониска од заработката на мажите.

Евростат констатира дека нерамнотежата во заработката меѓу жените и мажите е најголема во Естонија (21,7 отсто), Летонија (21,2 отсто), Австрија (19,9 отсто) и Германија (19,2 отсто).

На другиот крај од скалата, разликите се најмали во Луксембург (1,3 отсто), Романија (3,3 отсто), Италија (4,7 отсто) и Белгија (5,8 отсто). (МИА)

Коронавирус