среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа- ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт

Планирале свадба, а загинале во страшна несреќа- ова е парот од Србија кој наместо пред олтар, замина во смрт

Верениците Ален Кучевиќ (24) од Пријеполе и 22-годишната Медина Бјелак од Бродарево настрадале во неделата попладне во сообраќајна несреќа, откако во нив удрил полициски автомобил.

Се вериле во декември минатата година, за август била планирана голема свадба во Пријеполе, а подготовките биле во тек.

Кобниот ден, во неделата попладне отишле да гледаат стан во кој планирале да се преселат во Германија, сообраќајката се случила при враќање дом. Наводно Ален престигнувал автомобил пред несреќата. Во автомобилот биле само тие двајца, а во полицискиот автомобил имало 3 германски полициски службеници.

Таткото на Медина наишол на истиот пат непосредно пред несреќата, едно време стоел во колона и не знаел што се случува, а потоа се вратил по споредниот пат. На семејството на Медина и братот на Ален кој е во Германија им било јавено неколку часа подоцна, а потоа информирани биле и семејствата во Пријеполе и Бродарево.

Медина заминала во Германија јна 2-годишна возраст, татко ѝ работел како градежник. Ален заминал да работи како градежник во Германија пред 4 години. Медина има сестра и брат, а Ален две сестри и брат.

Медина требала оваа година да заврши факултет за менаџмент и банкарство во Германија.

Парот ќе биде погребан во Србија, но се уште не се знаат деталите.

Коронавирус