вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 7
home Вести

Плаќањето со картичкa во иднина ќе се врши со отпечаток од прст?

Плаќањето со картичкa во иднина ќе се врши со отпечаток од прст?

„NatWest“ започна тримесечно тестирање на таканаречените биометриски кредитни картички за отпечаток од прст, во тестирањето ќе бидат вклучени 150 клиенти.

Банката претходно пилотираше биометриски дебитни картички, но сега се издадени за прв пат.

Биометриските кредитни картички ќе понудат бесконтактно плаќање со помош на отпечатоци од прсти за трансакции до 100 фунти.

Орџ Булкли, директор за иновации, од „NatWest“ вели:

“Следејќи го успешниот пилот на нашата биометриска дебитна картичка, ние сакаме дополнително да ја тестираме нашата технологија за кредитни картички. Ова е најголем развој во технологијата на картички во последниве години, и не само што отсуството на код ја зголемува безбедноста, туку им го олеснува и на нашите клиенти да плаќаат за стоки или услуги”.

„NatWest“ соработува со MasterCard и дигиталната компанија „Gemalto“ во Велика Британија.

Коронавирус