сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 36
home Вести

Пјонгјанг: Наводите на ХРВ за сексуално насилство врз жените во Северна Кореја се измислици

Пјонгјанг: Наводите на ХРВ за сексуално насилство врз жените во Северна Кореја се измислици

Делегацијата на Северна Кореја во Женева денеска ги демантираше наводите на „Хјуман рајтс воч” (ХРВ) дека сексуалните злоставувања се толку многу распространета практика во земјата што се „прифатени како дел од нормалниот живот“.

Оваа е уште еден безуспешен обид од неискрени и непријателски сили, на кои не им се допаѓа моменталнито пат кон мирот, помирувањето, просперитетот и соработката на Корејскиот Полуостров, да се спречи новиот пристап доведувајќи го под знак прашалник така наречениот проблем со човековите права во нашата држава со измислени и неосновани приказни, се посочува во соопштението на севернокорејската делегација.

Во синоќа објавениот извештај на ХРВ се навдеува дека севернокорејски функционери, вклучително и високопоставени партиски членови, затворски службеници, полицајци, обвинители и војници вршат сексуална злоупотреба врз жените „без многу загриженост за последиците“.

– Стравувајќи од одмазда или јавно дискредитирање, жените најчесто не ги пријавуваат злоупотребите и властите ретко ги испитуваат или гонат такви случаи, се истакнува  во извештајот.

Невладината организација со седиште во Њујорк интервјуираше над сто Севернокорејци, кои ја напуштиле земјата, меѓу кои и осум поранешни севернокорејски официјални претставници.

Неименуван претставник на ХРВ истакна дека голем број интервјуирани жени не разбрале дека наметнатите сексуални односи не треба да бидат секојдневие.

Коронавирус