петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 74
home Вести

Пјонгјанг ја покажа новата интерконтинентална балистичка ракета

Пјонгјанг ја покажа новата интерконтинентална балистичка ракета

Северна Кореја на денешната воена парада, по повод 75-годишнината од основањето на Работничката партија, претстави нова интерконтинентална балистичка ракета (ICBM), за која аналитичарите велат дека се уште не е видена, пренесоа светските агенции.

Британските медиуми наведуваат дека на видео на државната телевизија се гледа ракета на возило со најмалку 22 тркала, што значи дека е поголема од сите претходни прикажани во таа земја.

Светските агенции наведуваат дека ова е првпат од 2018 година Северна Кореја, која има нуклеарно оружје, отворено да прикаже интерконтинентална балистичка ракета.

Коронавирус