среда, 25. мај 2022. Вести денес: 166
home Вести

Пјонгјанг истрелал две крстосувачки ракети, тврдат јужнокорејски медиуми

Пјонгјанг истрелал две крстосувачки ракети, тврдат јужнокорејски медиуми

Изгледа дека Северна Кореја денеска истрелала две крстосувачки ракети во морето во близина на нејзиниот источен брег, јави јужнокорејската агенција Јонхап њуз, цитирајќи воени извори.

Јужнокорејската војска сега го проценува последното лансирање со цел да ја утврди природата на проектилот, пренесува „Јонхап“.

Лансирањето на крстосувачки ракети на Северна Кореја не е забрането во согласност со санкциите на Обединетите нации воведени против Пјонгјанг. Последното тестирање на балистички ракети беше направено на 17 јануари.

Коронавирус