вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Вести

Писмо со „непозната материја“ доставено до база во САД, три лица хоспитализирани

Писмо со „непозната материја“ доставено до база во САД, три лица хоспитализирани

Три лица се хоспитализирани, а 11 други се пожалиле на здравствени тегоби откако во американската воена база Арлингтон во Вирџинија било отворено писмо кое содржело „непозната материја“.

– Некој го отворил писмото и на сите во канцеларијата им се слошило, изјави портпаролка на здружената база „Маер-Хендерсон хол“, Леа Рубалкаба.

Писмото било отворено во делот во кој е стациониран Маринскиот корпус во близина на Вашингтон.

– Во базата е примен коверт кој содржел непозната супстанца. Персоналот во загрозената зграда веднаш презел превентивни мерки и го евакуира објектот, соопшти Маринскиот корпус на Твитер

Коронавирус