четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 92
home Вести

Пилот изгоре до смрт во авион: Успеа да слета и да ги спаси сите патници, но за него беше доцна (ВИДЕО)

Пилот изгоре до смрт во авион: Успеа да слета и да ги спаси сите патници, но за него беше доцна (ВИДЕО)

Пилот на авион загина, а шестмина патници го преживеаја падот на помал авион при слетување на аеродром во Сао Паоло.

Страотната несреќа се случи во неделата навечер, а како што пренесуваат медиумите, пилотот буквално изгорел во кабината, цело време довикувајќи помош.

Кога спасувачите стигнале, веќе било доцна, а пилотот починал од ужасни изгореници.

Во тек е обемна истрага која би требало да утврди зошто дошло до пад на леталото. Според првичните информации, добро не работела опремата за слетување.